
Бизнис и политички лидери од Југоисточна Европа денеска во Цавтат ќе учествуваат на бизнис собирот „Самит 100 – Договор за новот време“.
На форумот во Цавтат ќе просиствуваат и дел од претседателите на земјите од Југоисточна Европа, кои утре во Дубровник ќе учествуваат на состанокот „Брдо-Бриони“. Тоа е продолжување на стратешкиот дијалог, кој во тој формат почна пред една година, кога Хрватска стана членка на Европската унија, а продолжи со состанокот со францускиот претседател Франсоа Оланд на 25 јули 2013 година во Брдо кај Крањ.
На овогодинешниот собир покрај претседателите на Хрватска, Македонија, Албанија, Косово, Словенија, Србија, Црна Гора и сите тројца членови на Претседателството на БиХ, како гостин ќе учествува и германската канцеларка Ангела Меркел.
На собирот ќе присуствуваат и францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир, како претставник на Оланд, како и европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер.
Тема на овогодинешниот состанок е политичката ситуација и односите во регионот, продолжување на политиката на проширување на ЕУ, како и клучните инфраструктурни проекти во ЈИЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби
-
Почнува самитот Брдо-Бриони, Туск, седум претседатели и еден премиер во Скопје


