Новиот напаѓач на Барселона Луис Суарез нема да биде промовиран на „Ноу Камп“ се додека не му измине казната поради гризењето на италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини.
Како што соопштува ФИФА, под четиримесечната суспензија се подразбираат сите фудбалски активности, а тука спаѓа и присуството на официјалното претставување на стадионот.
Тоа значи дека Луис Суарез на теренот на „Ноу Камп“ ќе се појави по 25. октомври кога ќе му измине казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


