| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Меркел за продолжување на работата на контакт групата за Украина

Russian president Putin in Berlin

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел денеска повикаа на итно продолжување на мировните напори во Украина, соопшти портпаролот на Путин, Дмитри Песков.

Двајцата лидери одржаа куса средба во пресрет на финалето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Меркел и Путин се во постојан контакт во врска со Украина.

– Путин и Меркел ја нагласија неопходноста од итно продолжување на работата на контакт групата за Украина, по можност во формат на видео конференции, наведе Песков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top