| четврток, 6 декември 2018 |

Младеновски: Црвенковски да каже кој и зошто не исклучи од партија

Десетина млади кои имале функции во младината на СДСМ бараат образложение дали се исклучени од партијата и на кој начин, од СДСМ со одговор дека Младеновски треба да престане да прави театар

petsto
Тие тврдат дека никаде не виделе одлука за тоа дали се исклучени од партијата или, пак, кој орган ги има исклучено и за тоа бараат формално правен документ.

Екс-секретарот на СДММ, Михаил Младеновски, кој беше исклучен поради тоа што гласно го искажа незадоволството од политиките на Бранко Црвенковски од свое име и од името на останатите функционери за кои уште не е јасен статусот, побара писмено образложение за тоа дали се исклучени или не.

-Поради ваквите политики на СДСМ, токму затоа се одделивме од таму и функционираме самостојно. Ние не сме членови на други политички партии, бидејќи не знаеме кој ни е статусот во СДСМ. Имаме соработка со СДУ за локалните избори, истакна Младеновски.

Младеновски додаде дека се очекува во наредниов период и други членови на партијата да бидат исклучени. Тие имаат внатрепартиски контакт со членови за кои се сигурни дека самостојно ќе излезат на изборите.

Младите кои денес се собраа пред седиштето на партијата јавно апелираа до Црвенковски конечно да ја разреши агонијата и да одговори дали овие членови се исклучени од редовите на неговата партија.

Ако навистина се исклучени, бараат јавно да бидат наведени аргументи, како што тоа се случува во секоја демократска партија.

На изјавата на Михаел Младеновски од СДСМ му одговорија дека одамна е прочитан. Затоа, нема потреба да прави театар околу седиштето на СДСМ, велат од најголемата опозициска партија, откако поранешниот член на Социјалдемократската младина Михаил Младеновски, кој беше исклучен од партијата денеска изјави дека тој и неколку негови истомисленици поради политиките на СДСМ, си заминале и почнале да функционираат самостојно.

– Редно е сите свои идеи да почне да ги доставува до неговата нова матична партија, до жолтата куќа на ВМРО-ДПМНЕ – истакнуваат од СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top