– Ние како социјалдемократи мислиме дека е вистински момент СДСМ да размислува со полна глава, односно да воведе разумна политика во своите редови. Пред седиштето на Европска унија сакаме да порачаме дека младите му кажуваат едно големо „не“ на Бранко Црвенковски, токму младите од неговите редови, ние што бевме до него и на функција во таа парија – рече Младеновски.
Дел од младите социјалдемократи порачаа дека се за интеграцискиот процес на Република Македонија, а на членството на Социјалдемократскиот сојуз му порачаа да не бидат криминално злоставувани од Бранко Црвенковски и од структурата што ја држи партијата во заложништво цели 20 години.
– Да им порачаме да излезат од тоа заложништво и да дојдат да ги поддржат вистинските вредности на социјалдемократијата, а не вредностите што ги налага Бранко Црвенковски и неколку луѓе во неговиот тим – рече Младеновски.
Дел од младите од СДСМ побараа институционалната борба да продолжи, со што би го победиле ВМРО-ДПМНЕ на демократски начин бидејќи како што рекоа, тоа ѝ прилега на една демократска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст