| четврток, 6 декември 2018 |

Половина милион долари за фустанот на Џуди Гарланд од „Волшебникот од Оз“

Неименуван купувач платил неверојатни 480.000 долари за познатиот сино-бел фустан што Гарланд во 1939 година го носеше во филмот

judy-garland-wizard-of-oz-costume

-Постигнатата цела е во склад со нашите очекувата, соопшти аукциската куќа „Џулиен“.

Сличен фустен кој бил носен во време на подготовките на снимањето на овој класик е продаден минатата година за 910.000 долари, а аукциската куќа која го продаде оригиналот разликата во цената ја објаснуваат со многу помалиот број на примероци на пробниот фустан од оној што бил користен во филмот.

Fustan

Фустанот е изработен од костимографот Едријан Гринберг, вработен во студиото МГМ, а идентитетот на купувачот не е објавен.

Во последно време филмските костими станаа многу барани на аукциите, а минатата година белиот фустан кој Мерлин Монро го носеше во филмот „Седум години верност“, беше продаден за 4.6 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top