| четврток, 6 декември 2018 |

Формирање на организациско-агитациските чети – создавањето на четничкиот институт на МРО

По­чет­ни­от раз­вој на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја (МРО), со си­те свои по­зи­тив­ни и не­га­тив­ни ас­пе­кти во раз­во­јот на ед­на но­ва рож­ба, го на­ла­га­ло фор­ми­ра­ње­то на по­се­ри­оз­ни во­о­ру­же­ни фор­ма­ции

Istorija93-1

Се по­ка­жа­ло де­ка пр­во­бит­ни­те во­о­ру­же­ни ја­дра (те­ро­ри­стич­ки­те гру­пи, че­ти­те од при­вре­мен ка­ра­ктер и „ле­тач­ки­те гру­пи“) ни­ту би­ле во мож­ност, а ни­ту би­ле спо­соб­ни да ги ре­а­ли­зи­ра­ат по­ли­тич­ки­те це­ли на ор­га­ни­за­ци­ја­та – до­би­ва­ње авто­но­ми­ја на Ма­ке­до­ни­ја пре­ку во­о­ру­же­на бор­ба. На­ред­на­та ета­па од раз­во­јот на МРО, по­крај дру­го­то, на­ла­га­ла по­го­ле­ма ма­сов­ност на де­ло­то, по­тоа во­е­на обу­ка на на­се­ле­ни­е­то, из­вр­шу­ва­ње суд­ски про­це­си, про­па­ги­ра­ње, ег­зе­ку­ции, прос­ле­ду­ва­ње, итн. – актив­но­сти за кои се по­ка­жа­ло де­ка нај­до­бро би ги спро­ве­ду­ва­ле ор­га­ни­за­ци­ско-аги­та­ци­ски­те че­ти на ор­га­ни­за­ци­ја­та.

По­чет­на­та фа­за на фор­ми­ра­ње­то на чет­нич­ка­та ин­сти­ту­ци­ја тра­е­ла сè до неј­зи­на­та ко­ди­фи­ка­ци­ја, т.е. со уста­но­ву­ва­ње­то на пра­вил­ни­кот за че­ти­те од 1900 го­ди­на. Авто­ри на пра­вил­ни­кот би­ле Го­це Дел­чев и Ѓор­че Пе­тров. По­чет­на­та фа­за од фор­ми­ра­ње­то на чет­нич­ка­та ин­сти­ту­ци­ја да­ти­ра­ла од Уста­вот на МРО од 1896/97 го­ди­на, во кој се пред­ви­ду­ва­ла (гла­ва вто­ра, чле­нот 11) мож­но­ста за фор­ми­ра­ње око­ли­ски че­ти во окру­зи­те, но без да се пре­ци­зи­ра­ат на­чи­ни­те и ме­то­ди­те што тре­ба­ло да се ин­кор­по­ри­ра­ат во пра­кти­ка­та. Сле­ден че­кор бил цир­ку­ла­рот на Цен­трал­ни­от ко­ми­тет до си­те око­ли­ски ра­ко­водс­тва од есен­та 1898 го­ди­на, со кој би­ле рас­фор­ми­ра­ни до­то­гаш­ни­те т.н. те­ро­ри­стич­ки че­ти и се на­ре­ду­ва­ло фор­ми­ра­ње ре­гу­лар­ни око­ли­ски че­ти.

Istorija96-Hristo-Chernopeev-cheta

Четата на Хри­сто Чер­но­пе­ев

Пр­ви­те че­ти на ор­га­ни­за­ци­ја­та поч­на­ле да се фор­ми­ра­ат во про­лет­та 1897 го­ди­на. Во овој текст не­ма да нав­ле­гу­ва­ме ко­ја би­ла пр­ва ор­га­ни­за­ци­ска че­та на МРО, би­деј­ќи сè уште по­сто­јат раз­ни гле­ди­шта и ста­во­ви ме­ѓу исто­ри­ча­ри­те за ова пра­ша­ње. Но, ед­но е јас­но, во овој пер­и­од (1897-1900) сè уште не мо­же да се збо­ру­ва за по­сто­е­ње го­лем број ор­га­ни­за­ци­ско-аги­та­ци­ски че­ти, иа­ко на те­ри­то­ри­ја­та на ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја во по­со­че­ни­от пер­и­од би­ле фор­ми­ра­ни мнош­тво во­о­ру­же­ни че­ти. Ва­кви­от став се те­ме­ли на фа­ктот де­ка во овој пер­и­од не по­сто­ел со­од­ве­тен ра­ко­во­ден ка­дар (вој­во­ди), кој во це­лост ја сфа­ќал цел­та и про­гра­ма­та на МРО, а од дру­га стра­на нај­го­лем дел од че­ти­те би­ле со­ста­ве­ни од по­ра­неш­ни ара­мии и от­пад­ни­ци од за­ко­нот, кои те­шко се од­вик­ну­ва­ле од сво­и­те ара­ми­ски на­ви­ки.

Спо­ред исто­ри­чар­ка­та Ма­ри­ја Пан­дев­ска, ко­ја ова пра­ша­ње го обра­бо­ту­ва во мо­но­гра­фи­ја­та: „Стру­мич­ки­от ре­во­лу­ци­о­не­рен округ (1893-1903)“, пред­вес­ник на ор­га­ни­за­ци­ско-аги­та­ци­ски­те че­ти би­ла т.н. Ма­ле­шев­ска че­та. Иде­ја­та за фор­ми­ра­ње на оваа че­та по­тек­ну­ва­ла од Г. Дел­чев, кој уште во про­лет­та 1897 го­ди­на во Со­фи­ја се ан­га­жи­рал око­лу вр­бу­ва­ње­то вој­нич­ки обу­чен ка­дар. Во Ма­ле­шев­ска­та че­та влег­ле ка­дри, кои по­доц­на ста­на­ле ед­ни од во­деч­ки­те лу­ѓе во фор­ми­ра­ње­то на Чет­нич­ки­от ин­сти­тут на МРО. Во неј­зи­ни­от со­став би­ле: Ни­ко­ла Пе­тров Ру­син­ски, Ми­ха­ил Апо­сто­лов-По­пе­то, Ва­сил Чо­чов, Але­ксан­дар Ма­ри­нов, Фи­лип Гри­го­ров, Пе­тар Ге­ор­ги­ев и еден те­ле­граф­ски по­штен­ски чи­нов­ник. Спо­ред Пан­дев­ска, до кра­јот на ју­ли 1897 го­ди­на, Ма­ле­шев­ска­та че­та не­ма­ла аги­та­ци­ска за­да­ча и неј­зи­ни­те кон­та­кти би­ле огра­ни­че­ни на кон­та­кти со ре­он­ски­те ра­ко­водс­тва и со ку­ри­ри­те за на­ба­вка и ко­рес­пон­ден­ци­ја. Го­ле­ма уло­га и вли­ја­ние во на­та­мош­ни­те актив­но­сти на че­та­та има­ло по­вре­ме­но­то при­сус­тво на Дел­чев во неј­зи­ни­те ре­до­ви. Та­ка, на при­мер, за вре­ме на не­го­ви­от пре­стој во Стру­мич­ки­от округ, тој, ка­ко дел од че­та­та, вр­шел и аги­та­ци­ски и ор­га­ни­за­ци­ски оби­кол­ки. Г. Дел­чев раз­го­ва­рал со ло­кал­ни­те ра­ко­водс­тва на ор­га­ни­за­ци­ја­та, а ги по­се­тил и се­ла­та Ру­си­но­во, Смо­и­ми­ро­во, Не­гре­во и Пан­ча­ре­во. Ка­ко нај­до­бар при­мер за не­го­ва­та ор­га­ни­за­ци­ско-аги­та­ци­ска деј­ност, исто­ри­чар­ка­та Пан­дев­ска ги иско­ри­сти­ла спо­ме­ни­те на Ру­син­ски, кој опи­шал еден раз­го­вор ме­ѓу жи­те­ли­те на се­ло Са­че­во и Г. Дел­чев. Име­но, тие по­ба­ра­ле по­мош од ор­га­ни­за­ци­ја­та во бор­ба­та за упра­ву­ва­ње на учи­ли­ште­то и на цр­ква­та ме­ѓу ег­зар­хи­ска­та и па­три­јар­ши­ска­та гру­па во се­ло­то. Во овој слу­чај се по­ка­жа­ле аги­та­ци­ски­те спо­соб­но­сти на Дел­чев, кој им об­јас­нил на на­со­бра­ни­те се­ла­ни де­ка МРО не дејс­тву­ва­ла во на­со­ка на про­па­ганд­на­та вој­на на бу­гар­ска­та ег­зар­хи­ја, ту­ку де­ка неј­зи­на­та цел е да ги обе­ди­ни ег­зар­хи­сти­те и па­три­јар­ши­сти­те низ за­ед­нич­ка­та бор­ба за ос­ло­бо­ду­ва­ње на та­тко­ви­на­та. От­ту­ка, пре­ку овој при­мер, но и мно­гу по­ве­ќе од тоа, со пра­во Дел­чев го но­си епи­те­тот ос­но­во­по­лож­ник на чет­нич­ка­та ин­сти­ту­ци­ја, чи­и­што ин­ге­рен­ции се со­сто­е­ле во ре­ви­зи­ја на че­ти­те на ор­га­ни­за­ци­ја­та.

Istorija96-Apostol-Petkov-cheta

Четата на Апо­стол Пе­тков Тер­зи­ев

Ка­ко и да е, Ма­ле­шев­ска­та че­та, ко­ја се дви­же­ла во источ­ни­от дел на ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја, во зи­ма­та 1897 го­ди­на на те­рен, ја за­тек­ла поз­на­та­та „Ви­нич­ка про­ва­ла“. Пос­лед­ни­от на­стан имал го­ле­ма уло­га во раз­во­јот на Чет­нич­ки­от ин­сти­тут, но и ја по­твр­дил не­оп­ход­но­ста од не­го­во по­сто­е­ње. Име­но, огром­ни­те пос­ле­ди­ци по стру­кту­ри­те МРО пре­диз­ви­ка­ни од ма­сов­ни­те ап­се­ња, прос­ле­ду­ва­ња­та и те­ро­рот врз ло­кал­но­то на­се­ле­ние, откри­ва­ње­то мно­гу­број­но оруж­је, итн., ја на­мет­на­ло по­тре­ба­та од фор­ми­ра­ње по­сто­ја­ни око­ли­ски че­ти, кои ќе го за­шти­ту­ва­ле ло­кал­но­то на­се­ле­ние, но и ќе ја одр­же­ле ор­га­ни­за­ци­ска­та стру­кту­ра на МРО во ре­о­ни­те што би­ле за­фа­те­ни од про­ва­ла­та. За­тоа овој на­стан во мно­гу сег­мен­ти прет­ста­ву­ва за­вр­шу­ва­ње на ед­на ета­па од раз­во­јот на ор­га­ни­за­ци­ја­та – про­ме­на што се од­не­су­ва за са­мо­то ре­во­лу­ци­о­нер­но дви­же­ње, но и за по­ли­ти­ка­та на Ос­ман­ли­ска­та им­пе­ри­ја и дру­ги­те бал­кан­ски пре­тен­ден­ти кон те­ри­то­ри­ја­та и на­се­ле­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја. Ос­ман­ли­ски­те вла­сти, ка­ко и свет­ска­та јав­ност, доз­на­ле за по­сто­е­ње на ед­на автох­то­на ор­га­ни­за­ци­ја, чи­ја­што цел би­ла пре­ку во­о­ру­жен от­пор да се по­стиг­нат по­ли­тич­ки це­ли за по­до­бру­ва­ње на оп­шта­та со­стој­ба во Ма­ке­до­ни­ја. И за­тоа, Пан­дев­ска по­втор­но зак­лу­чу­ва де­ка раз­во­јот на МРО пре­ку по­го­ле­ма ма­сов­ност на ло­кал­ни­те ко­ми­те­ти и во­о­ру­жу­ва­ње­то на дел од на­ро­дот ја на­мет­на­ло по­тре­ба­та од транс­фор­ма­ци­ја на ор­га­ни­за­ци­ска­та стру­кту­ра и пре­ми­ну­ва­ње од аги­та­ци­ска­та фор­ма на дејс­тву­ва­ње кон но­ви фор­ми на ор­га­ни­зи­ра­ње, т.е. за на­та­мош­но про­ши­ру­ва­ње на ор­га­ни­за­ци­ска­та мре­жа, осо­бе­но во се­ла­та, се по­ка­жа­ло по­тре­ба­та МРО да рас­по­ла­га со сопс­тве­на во­о­ру­же­на си­ла.

Istorija96-Atanas-babata-cheta

Четата на Атанас Бабата

Ако пр­ва­та че­та во со­лун­ски­от округ би­ла фор­ми­ра­на во про­лет­та 1897 го­ди­на, на че­ло со Апо­стол Пе­тков Тер­зи­ев и Иван Ка­ра­су­ли­ја­та, а ка­ко што за­бе­ле­жав­ме во исти­от пер­и­од би­ла фор­ми­ра­на и пр­ва­та че­та во источ­на Ма­ке­до­ни­ја, то­гаш во би­тол­ски­от округ пр­ви­от обид за фор­ми­ра­ње че­та бил на­пра­вен во 1898 го­ди­на. Пр­ва­та че­та во При­леп­ско би­ла фор­ми­ра­на ду­ри во 1900 го­ди­на, под вој­водс­тво на Мир­че Ацев и Јор­дан Пи­пер­ка­та. По­доц­на од оваа че­та се од­во­ил Пи­пер­ка­та и со се­дум ко­ми­ти за­ми­нал за Де­мир­хи­сар­ско и за Ки­чев­ско. Во исти­от пер­и­од, 1900 го­ди­на, би­ла фор­ми­ра­на и пр­ва­та че­та во Ко­стур­ско под вој­водс­тво на Ко­те Хри­стов од се­ло­то Ру­ља. Ме­ѓу­тоа, во овој пер­и­од се сво­ја­та вој­нич­ка, ор­га­ни­за­ци­ска и аги­та­ци­ска спо­соб­ност се изд­во­ју­ва­ле не­кол­ку по­е­дин­ци, кои од сво­и­те че­ти „про­из­ве­ле“ до­бро обу­чен вој­вод­ски ка­дар, кој, пак, по­доц­на се истак­нал со сво­ја ре­во­лу­ци­о­нер­на деј­ност. Та­кви би­ле Мар­ко Ива­нов (Ле­рин­ски), од чи­ја­што че­та про­из­лег­ле вој­во­ди­те: Ме­то­ди­ја Пат­чев, Сла­веј­ко Ар­сов, Ни­ко­ла Ди­мов; од че­та­та на Ми­ха­ил По­пе­то, кој дејс­тву­вал на ши­рок по­јас во ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја (Сер­ско, Ку­ку­шко, Со­лун­ско, Ве­ле­шко, Ге­вге­ли­ско и Ма­ле­шев­ско), про­из­лег­ле вој­во­ди­те: Хри­сто Чер­но­пе­ев, Ми­ха­ил Гер­џи­ков, Кр­сто Б’лга­ри­ја, Пе­тар Ју­ру­ков, Ата­нас Ба­ба­та.

По до­не­су­ва­ње­то на пра­вил­ни­кот за че­ти­те (1900), со кој се ре­гу­ли­ра­ла оп­шта­та по­ста­ве­ност на ор­га­ни­за­ци­ја­та, ка­ко и стру­кту­ра­та и вна­треш­ни­те од­но­си на че­ти­те, би­ле изра­бо­те­ни и пра­вил­ни­ци за сел­ски­те че­ти и Општ пра­вил­ник за че­ти­те. По­крај ре­ви­зи­ја­та на че­ти­те, долж­ност што на по­че­то­кот ја из­вр­шу­вал Дел­чев, по­доц­на се фор­ми­ра­ле и ре­ви­зор­ски че­ти за си­те ре­во­лу­ци­о­нер­ни окру­зи. Пр­ва­та ре­ви­зор­ска че­та би­ла фор­ми­ра­на во би­тол­ски­от ре­во­лу­ци­о­не­рен округ и се со­сто­е­ла од 15 чет­ни­ци, а би­ла фор­ми­ра­на не­по­сред­но пред Илин­ден­ско­то во­ста­ние.

Во се­кој слу­чај, уло­га­та на Чет­нич­ки­от ин­сти­тут би­ла огром­на во раз­во­јот на ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но­ос­ло­бо­ди­тел­но дви­же­ње, осо­бе­но во по­ди­га­ње­то на ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от дух на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние. Ра­ко­водс­тва­та на Ор­га­ни­за­ци­ја­та, по­себ­но град­ски­те, не мо­же­ле да го има­ат тоа вли­ја­ние што го има­ле че­ти­те. По­крај ор­га­ни­за­ци­ско-аги­та­ци­ска­та деј­ност, че­ти­те пре­рас­на­ле во во­о­ру­же­на си­ла, спо­соб­на за во­о­ру­же­на кон­фрон­та­ци­ја не са­мо со ос­ман­ли­ска­та власт, ту­ку и со па­ра­во­е­ни­те фор­ма­ции на со­сед­ни­те бал­кан­ски др­жа­ви, кои би­ле ка­ра­кте­ри­стич­ни по Илин­ден­ско­то во­ста­ние.

 

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 96. број на неделникот „Република“, 4.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top