| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата Актер на Европа 2014 ја доби Рубенс Муратовски

Во прекрасниот амбиент на ресенскиот Сарај, со изведба на претставата “Вејка на Ветерот” од Коле Чашуле, во режија на Ирена Стеријовска, заврши овогодинешното дванаесетто издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа.

Akterot na Evropa 2014 (1)
Добитник на главната наградата Актер на Европа 2014 е македонскиот актер Рубенс Муратовски  улогата во претставата “Вејка на Ветрот”.
На отворањето на фестивалот оваа година во Ресен беше доделена и наградата за животно дело на актерот Раде Шербеџија.
Пеете театарски изведби во ресенскиот Сарај ги погледнаа преку 1300 љубители на тетатарот во Преспа што само по себе претставува достигнување за респект.
-Вечерва сум и среќен и помалку тажен, среќен сум за достигнувањата што ги постигнавме на годинешното издание на фестивалот, а тажен сум што вечерва завршува овај фестивал кој несомнено си го наоѓа своето заслужено место во тетарскиот живот во Македонија. Тука нема да ставам точка, туку запирка, со очекување дека до година ќе организираме уште поуспешен фестивал, истакна Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски на затворањето на фестивалот Актерот на Европа 2014.
Во својот поздравен говор Претседателот на стручното жири, прославениот актер Мето Јовановски, потенцирајќи ја индивидуалната уметничка вредност на сите претстави и актери кои продефилираа на фестивалот истакна: “Достоевски, еден од најмаркантните великани, мислители и познавачи на Библиските универзални вредности вели дека убавината ќе го спаси светот, мислејќи на убавината во нашите души. Само во чиста, чедна и невина душа може да се роди возвишена убавина, како духовна радост и уметност за сите нас.”
Akterot na Evropa 2014 (3)
Стручното жири ги додели следните награди:
Главна награда, Актер на Европа 2014 ја доби актерот Рубенс Муратовски, за улогата во претставата “Вејка на Ветрот”.
Театарската Претстава Тобелија, заеднички проект на Словенија, Бугарија, Македонија и Црна Гора ја доби наградата за најдобра претстава во целост.
Награда Жак Лакариер за сценски експеримент и беше доделана на претставата “Едит Пјаф-Општи Места” од Франција.
Наградата за најдобар млад актер ја доби актерката  Ноника Малкотузи за претставата Перверзија од Р. Грција.
Наградата на весниокот “Јавност”, за откривање на реалноста ја доби младата режисерка Ирена Стерјовска за претставата “Вејка на ветрот”.
Покрај овие награди беше доделено и специјалното признание на Сотир Чаушевски од Ресен, за осебен придонес за развој на театарот во Преспа, како и специјално признание за најмлад изведувач и на Марија Кондовска, за улогата во претставата “Мојата Преспа,Мојот Ресен”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top