Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, пред почетокот на свеченото отвoрање на 54.тото издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оставри средба со екслузивните гости, италијанските солисти Барбара Фритоли и Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик.
На средбата, Канческа-Милевска им подари реплики од надалеку познатите теракотни икони со приказ на богатото македонско културно наследство, како и примерок од ексклузивната фото-монографија „Чудесна Македонија“ во која низ фотографии и текст се претставени убавините нашата земја.
Италијанските оперски ѕвезди, сопранистка Фритоли и нејзиниот колега баритонот Нучи, заедно со диригентот од Аргентина, маестро Горелик приредија спектакуларна вечер на почетокот од фестивалот „Охридско лето“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“