Пејачката Кајли Миног во најновото интервју открива како се чувствувала кога нејзиното момче, веќе покојниот музичар Мајкл Хачисон ја оставил поради моделот Хелена Кристенс.
Иако поминале 17 години откако рокерот се самоуби, Кајли и понатаму има помешани чувства кога станува збор за нивната врска која траела две години и завршила откако Мајкл ја напуштил поради Кристенс.
Во разговорот за австралиските „60 минути“, Кајли не ги криела солзите сеќавајќи се на Мајкл.
– Тоа беше голема љубов, но на крајот и вистинско разочарување. Чувствата се измешани. Тука има многу чувства и спомени. Со него беше се посебно. Никогаш не сум сретнала некој што е како него, изјави Кајли за своето поранешно момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.