Кајли Миног реши да стави точка на љубовта со британскиот актер Џошуа Сас.
Само неколку дена откако со одушевување зборуваше за тоа дека едвај чека да го земе презимето на својот свршеник, 48 годишната Кајли Миног, на изненадување на сите, сепак ја раскина свршувачката.
Австралиската пејачка го исфрли од станот во Лондон својот 29 годишен свршеник, а причината е таа што актерот „премногу се зближил“ со колешката, шпанската актерка Марта Миланс (34), пишува Дејли меил.
Парот наводно неколку дена наназад константно се карал, па згодната Австралијанка по враќањето од Париз, каде била по повод Неделата на модата, решила да стави точка на нивната едногодишна свршувачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.