| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена непозната бајка од Ханс Кристијан Андерсен

Дански историчар ја пронашол бајката „Свеќа од лој“ која досега не ви ја читале

Andersen-1

Бајката „Свеќа од лој“ славниот дански писател ја напишал кога имал само 18 години, седум години пред официјално да дебитира како писател.

Бакјата е напишана на рака на шест страници, а на неа се наоѓа посвета на една жена, вдовица, која живееле во куќата наспроти Андерсен, во неговиот дом во Оденс.

Досега необјавената бајка ја пронашол историчарот Есбен Браге, во Националниот архив, во кутија со списи, кои им припаѓале на богати семејства од родниот град на Андерсен.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Ханс Кристијан Андерсен е еден од најпознатите светски автори на бајки.Напишал речиси 160 приказни за деца, межу кои се и безвремените: „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчињата“, „Грдото пајче“, „Палчица“, „Принцезата на зрно грашок“ и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top