| четврток, 6 декември 2018 |

Распродаден романот за Хитлер

Сатиричниот роман за Адолф Хитлер, кој се буди во денешно време во Берлин разгоре нова расправа за растечкиот неонацизам во Германија, но стигна на прво место на најпродавани книги во Германија со 250.000 примероци

hitlerTimur_2472028b

Сатиричниот роман за Хитлер под наслов „Тој е повторно тука“ го напиша Тимур Вермес кој е роден во 1967 во Нинберг и е поранешен новинар, а ова е негов прв роман.

Во романот Хитлер го преспива периодот од 1945 до 2011 година, а успехот на книгата се припишува на пародијата на нацистичкиот водач, што до пред некоја година било незамисливо. Откако ќе се разбуди Хитлер оди на прошетка низ улиците на Берлин, каде луѓето главно го препознаваат, но сметаат дека станува збор за комичар кој успешно си ја толкува улогата. Хитлер повторно држи долги говори кои предизвикуваат бранови смеа, почнува да гостува на телевизиски програми, станува ѕвезда на „YouTube“, омилен е меѓу младите… Во придрба на телевизиски камери тој го посетува седиштето на германските неонацистички странки и е згрозен од она што го затекнал „недоволниот жар и недостатокот од политика во уверувањата на неонацистите“. Поради тоа Хитлер го опсипал лидерот со псовки и навреди. За тоа интервју, Хитлер добива највисока новинарска награда, но нацистите го претепале и го исфрлиле, пишува Вермес во „Тој е повторно тука“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top