Според тетовската полиција, непознатите арамии однеле 5 големи и 27 помали икони, а неколку други оштетиле. Кражбата утрово ја забележал единствениот жител на селото, а во полиција пријавил неговиот син.
По извршениот увид било утврдено дека во цркавата е влезено откако биле отстранети металните решетки на прозорецот во близина на олтарот на црквата.
Истата црква беше мета на крадци и минатата есен. Минатиот месец пак, беше ограбена и црквата „Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста“ во дебарското село Долно Мелничани од каде беа украдени девет вредни икони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.