| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Лазар Крстиќ си оди од Финансии

0C6413B2B892824DA4D3D5B52BB9B4B9Српскиот министер за финансии Лазар Крстиќ соопшти дека поднесува оставка од функцијата. По владината седница на која биле усвоени првите два реформски закона, изјави дека за оставката се договорил со премиерот Александар Вучиќ, а своето заминување го образложил со фактот дека премиерот и министерот за финансии мора да имаат ист став за тоа што треба да се направи и во кои рокови.

Тој истакна дека „се заложувал за речиси невозможна програма во наши услови“, вклучувајќи намалување на платите и пензиите, бројот на вработените и пазарната цена на струјата.

– Премиерот има добро срце и затоа ја има поддршката од народот- нагласи Крстиќ, додавајќи дека Вучиќ најдобро разбира што е можно да се направи во овој момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top