Победник на осмата етапа на велосипедската трка Тур Д‘Франс е Французинот Блел Кадри. Тој етапата во должина од 161 километар од Томблен до Жерардмер Ла Мусален ја мина за 3 часа 49 минути и 28 секунди. Притоа имаше 2 минути и 17 секунди подобро време од Шпанецот Алберто Контадор, додека третопласираниот Виченцо Нибали од Италија заостана 2 минути и 20 секунди.
Со овој резултат Нибали ја задржа „жолтата маица“ и ја зголеми разликата во генералниот пласман во однос на конкурентите. Нибали има вкупно време 33 часа 48 минути и 52 секунди. На втората позиција е Јакоб Фуглсанг од Данска, додека на третото место е Ричи Порте.
Утре на програмата е 9-та етапа од Жерадмер до Мулхус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.