| четврток, 6 декември 2018 |

Регионот од аспект на Гасот, Русија и Украина, тема во Дубровник

Victoria NulandХрватска може да одигра важна улога во гарантирањето на енергетската безбедност во регионот преку диверсификација на можностите за снабдување на европските држави, овозможувајќи им на тој начин да ја намалат својата зависност од рускиот гас, изјави во Дубровник американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд.

Спорот меѓу Русија и Украина околу прашањето за цената на гасот може да се одрази врз Европа, која задоволува една третина од своите потреби од рускиот природен гас, а речиси половина од тие испораки минуваат преку Украина. Земјите од централна и источна Европа може да се соочат со повисоки цени на гасот и евентуален недостиг во текот на зимскиот период.

Нуланд истакна дека спорот околу цената, анексирањето на Крим од страна на Москва и насилствата во источниот дел на Украина ја потенцираат заканата за енергетската безбедност на Европа.

– Хрватска има важна улога, како центар за енергетска стабилност во 21. век… Земјата има впечатлива предност за реализирање и доколку се донесат разумни решенија ќе се движи напред, нагласи Нуланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top