| четврток, 6 декември 2018 |

За Милчин речиси 6 милиони евра се смешни пари

Vladimir-Milcin-565x268
-Финансиер не значи контрола. Ние ги помагаме медиумите, но не ги контролираме медиумите. Во 2013 година фондацијата за поддршка на медиумите вложила 393 479 евра вкупно. Тогаш беа повеќе од 7 медиуми. Цифрата е смешна – вели Владимир Милчин, првиот човек на фондацијаа Отворено општество во разговор за ТВ Нова.

Тој смета дека парите кои Сорос ги дава за медиуми се смешни во однос на тоа колку дава ВМРО-ДПМНЕ. Но дали 5.200 000 евра се смешни пари? Курир минатата недела објави дека во изминатата година невладината организација, Институт Отворено општество, доделил огромни суми од неверојатниот буџет на Сорос од 5. 200 000 евра. Парите кој што се доделени се на портал и медиум блиски до опозицијата. Па така, весникот „Слободен печат“ во својата прва година од постоење, добил грант од 60. 000 евра. Таму главен уредник е Бранко Геросски, кој е раководител и на порталот „Плус инфо“, кој исто така добил пари од „Сорос“ во износ од 47. 706 евра.

Порталот „А1 он“, на поранешен новинар од телевизијата „А1“добил пари во износ од 49. 706 евра. Над 36. 000 евра за само шест месеци земал неделникот „Фокус“. Меѓу среќниците кои земале пари од „Сорос“ е и порталот на Ацо Кабранов во кој работи и ќерката на Љубомир Фрчкоски, „Либертас“, кој земал 26. 686 евра за цела 2013 година. Пред два дена „Либертас“ реагираше со соопштение дека не биле портал финансиран од „Сорос“ и дека земале пари само во првата година од формирањето, но не и потоа. „Либертас“ е демантиран од самиот институт „Отворено општество“, кој го презентираше извештајот за донации и во кој самиот објави дека порталот земал пари во 2013 година. Тој е формиран во 2012 година, но според извештаите, земал пари и во 2013 та година….Интересно е што и меѓу официјалните партнери на „Сорос“, Македонија кој самата организација ги наведува е и НВО „Инфо центар“, таа истата која издаде небулезен известај во која броеше за тоа колку пати бил спомнат СДСМ во говорите на премиерот.

Грантови меѓу 16 и 18 илјади евра земале и „Скај“, „Окно“, „Мојот град“, „Глобус“. Мрежата на медиум финансирани од „Сорос“ е огромна правопропорцинално и на огромниот буџет кој го има оваа организација. Со парите кои се делат медиумите блиски до СДСМ се убива слободното новинарство. Шемата е позната. „Сорос“ дели пари на организации за да ја критикуваат владата и градат критично мислење по секоја цена. На овој начин „Сорос“ внесува свежи пари за корумирање на медиумите кои по секоја цена имаат задача да ги одработат парите преку критика на владата и нејзините политики.

Курир објави податоци од даночната пријава на Институтот Отворено Општество поднесена за фискалната 2012 година во кој стои дека СОРОС Македонија остварил приходи од 296 866 982 денари односно 4 811 458 евра за само една година. Од пријавата се гледа дека 116 988 553 милиони денари или 1 896 086 евра се потрошени на име за донации. На даночната пријава стои потписот и името на нејзиниот извршен директор Владимир Милчин.Познато е дека СОРОС Македонија односно Институтот отворено општество важи за близок до Социјалдемократскиот сојуз, и повеќе пати е посочуван за финансирање на мрежа составена од невладини организации, медиуми и експерти во насока на креирање на негативно мислење за политиките на владата и креирање на атмосфера за поддршка на опозицијата за што сумата од близу 5 милиони евра им е од исклучителна голема полза. Тука се вклучуваат и споредните кампањи кои имаат за цел креирање на мислење дека се загрозува слободата во државата, чиј крајна цел е создавање на впечатокот дека Владата е таа која првенствено ја загрозува. Од институтот не може да се добие прецизен извештај за тоа како во детали се потрошени овие пари, но затоа може да се определат организациите кои добиле пари од СОРОС Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top