Диме Спасов ќе се жени. Министерот за труд и социјална политика за Република откри дека својата долга врска ќе ја оззакони кон крајот на летото. Во неодамнешното интервју министерот со неполни триесет години рече дека има малку слободно време кое пак сака да го искористи квалитетно. Раководејќи со едно од најопсежните министерства, секако потребно е многу разбирање од идната госпоѓа Спасова.
Нејзиниот идентитет за јавноста не се открива,но Република окрива дека избраничката е долгогодишна љубов на Спасов од средношколските денови. Точниот ден не е одреден, иако и двајцата оддамна се сложни тоа да не ја прават „голема“, туку мала семејна свеченост.
Не е познато дали набрзина ново семејство Спасови ќе се проширува, но според кажувањата на нивнте пријатели, извесно е дека тоа ќе биде многудетно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


