| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белград се појавија плакати за поддршка на Ратко Младиќ

Плакати за поддршка на Ратко Младиќ, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, се појавија денеска на одделни места во Белград, на денот кога се одбележуваат 19 години од масакрот во Сребреница.

ratko mladic

Плакати со ликот на Младиќ, на кои пишува: „Генерале, благодариме за Сребреница!“ биле залепени низ главната улица „Кнез Михајлова“, на автобуски постројки и подземни премини.

За време на војната во БиХ во 90-тите години, Ратко Младиќ беше командант на босанско српската армија. Под негова команда босанско српските сили ја зазедоа Сребреница и убија 8.000 муслимански мажи и момчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top