Во вторник, на 15 јули, во Дубровник ќе се одржи годишниот самит на шефовите на државите од Југоисточна Европа на кој ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел. Состанокот, според најавите од Загреб, ќе претставува продолжение на стратешкиот дијалог меѓу лидерите од регионот кој во овој формат започна пред една година, кога Хрватска стана членка на ЕУ.
На состанокот во Дубровник ќе учествуваат претседателите на Хрватска, Македонија, Албанија, Косово, Словенија, Србија и на Црна Гора, како и тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина. На собирот во име на претседателот на Франција ќе присуствува и францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир, а најавено е учество и на европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер.
Теми на самитот ќе бидат политичката ситуација и односите во регионот, продолжување на политиката за проширување на ЕУ, клучни инфраструктурни проекти во овој дел на Европа, вклучувајќи го завршувањето на јадранско-јонскиот автопат и на железничкиот коридор, како и енергетската политика.
Еден ден претходно, в понеделник, претседателите на државите од регионот ќе учествуваат на самит на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа насловен „Договор за новото верме“, што ќе се одржи во Цавтат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби
-
Почнува самитот Брдо-Бриони, Туск, седум претседатели и еден премиер во Скопје


