| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Јолевски изрази сочуство за трагично загинатите пилоти

Дозволете да изразам длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на полицијата, во вчерашната трагична хеликоптерска несреќа. Нашите мисли и нашите молитви се со вас. Ова е исклучително тежок период кој ќе го пребродиме само доколку сме сите заедно, сплотени во едно.

jolevski

Ова стои во писмото на сочувството што министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски го упати до семејствата на починатите припадници на полицијата при вчерашната хеликоптерска несреќа близу Струмица.

Воедно, министерот Јолевски вчера имаше и телефонски разговор со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, при што беше посочено дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се целосно подготвени да ги стават своите капацитети на располагање на полициските служби и вештаци, во целосно разрешување на случајот и утврдување на причините за оваа голема несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top