| четврток, 6 декември 2018 |

Гумите за џвакање виновни за појава на мигрена

Постојат многу причини за појава на мигрена како  што се  недостаток на спиење, глад, стрес и хормоналните промени. Но една од причините за главоболки може да бидат и гумите за џвакање, велат експерти. Тие откриле дека честите џвакање предизвикува тензија во зглобот  на местото каде што главата се поврзува со вилицата, пишува Дејли Мејл.

zvakanje_zvake_1

Неодамнешно израелско истражување потврди дека џвакањето може да предизвика главоболки бидејќи 87 проценти од тинејџерите кои редовно користат гуми за џвакање имаат чести главоболки.

Покрај тоа, слични проблеми поврзани со  зглобот на вилицата може да предизвика и чкрипењето со забите или ревматоиден артритис. .

Знаци дека проблемите со главоболката се поврзани со вилицата:

-Вилицата прескокнува додека џвакате храна или зевате

-Имате грч на мускулите околу вилицата

-Тешкотии во отварањето на устата

-Главоболката се јавува само на едната страна на главата
– Ушите ви зујат и имате болка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top