| четврток, 6 декември 2018 |

Битола: Загина градежен работник во населбата „Областа“

градежен работник

Во Битола, вчера попладне загинал градежен работник во станбена зграда во населбата позната како „Областа”. Засега не се познати причините и на кој начин работникот го загуби животот. Полицијата направила увид и заменик јавен обвинител наредил обдукација за да се утврди причината за смртта, јави Тера ТВ.

Битолчанецот Никола К. роден 1970 година, бил ангажиран како градежен работник. Веднаш по дојавата за несреќен случај полицијата испратила стручни екипи, а на местото на настанот пристигнале и  медицински лица и истражен судија. Смртта на Никола К. е констатирана на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top