Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Грција.
Земјотресот, кој се случи околу 13 часот по локално време, најмногу беше почувствуван во Халкида и во Еретриа, а ги стресе и жителите на Атина.
Нема пријавени повредени луѓе, ниту поголема материјална штета. Според атинскиот Иниститут за геодинамика, епицентарот на потресот бил во градот Халкида на островот Евиа, 54 километри северно од Атина, на длабочина од пет километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.