| четврток, 6 декември 2018 |

Суарез официјално нов играч на Барселона

На својата официјална веб-страница, каталонскиот клуб Барселона денеска потврди дека е договорен трансферот на Луис Суарез.

Тоа за што се шпекулираше во изминатите неколку денови, денеска стана вистина. Барселона на својата официјална веб-страница потврди дека го договориле трансферот на Луис Суарез.

Според кратката информација која ја објави каталонскиот тим, напаѓачот на Ливерпул ќе пристигне на „Камп ноу“следната недела кога ќе ги изврши лекарските прегледи и ќе биде официјално претставен пред навивачите и медиумите. Суарез ќе потпише со Барселона петгодишен договор. Трасферот на Суарез во Барселона ќе изнесува околу 80 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top