| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи, кои го отвораат „Охридско лето“, ќе пристигнат на охридскиот аеродром

Италијанските ѕвезди, сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, што утревечер ќе го отворат 54. „Охридско лето“, ќе пристигнат денеска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Тие патуваат со свој приватен авион. Ќе ги пречекаат организаторите на фестивалот, а прием ќе им организира претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на фестивалот „Охридско лето“.

Сцената на Античкиот театар е подготвена за големиот концерт, вечерта на познатите арии од оперите „Дон Карло“, „Симон Боканегра“, „Бал под маски“, „Отело“, „Риголето“, „Травијата“ и „Моќта на судбината“ на големиот италијански композитор Џузепе Верди.

Фритоли и Нучи ќе ги придружуваат музичарите од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Аргентинецот Луис Горелик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top