Меѓу капачите на северниот брег на хрватскиот остров Крк е забележана кафеава медуза со дијаметар од 30 сантиметри. Се претпоставува дека се работи за видот Хрисаора (Chrysaora), чиешто природно живеалиште е Средоземно Море, но експертите допрва треба да потврдат.
Хрисаора е позната и по името компас медуза или морска коприва, објасни за Хрватската национална телевизија д-р Давор Лучиќ, кој се занимава со следење на медузите во Јадранско Море. Самото име укажува на тоа дека средбата со оваа медуза може да биде болна.
Заштита!
Во случај да дојде во контакт со оваа опасна медуза, тој дел од телото треба да се измие со вода потопла од 40 степени, или да се загрее со ставање на топол камен, бидејќи тоа е термички лабилен токсин. Во никој случај не треба да се фаќа или трие затоа што отровот би можел да се притисне уште повеќе во епидермисот. Исто така, постојат медицински препарати (кремови) кои ќе ги ублажат штетните ефекти.
– Пожелно е по опекотината да се избегнува престој на сонце, а раната од медузата може да заздравува и до две недели. Исто така, постојат и превентивни креми против медузите. Тие кремови ја лажат медузата, па кожата на човекот ја препознава како негов симбионт и не исфрла жарни клетки – објасни д-р Лучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каква е температурта на морето во најпопуларните места за летување на Македонците
-
Од пластиката не се гледа најубавото море на светот
-
Го нарекуваат „Град на лудите води“: Само во Халкида морето тече како река, а ајкулите се борат против струјата (Фото)
-
Црвен метеоаларм во Хрватска: Можни се поплави долж брегот на Јадранското море


