| четврток, 6 декември 2018 |

„Тројката“ незадоволна од планот на Грција

grcija znameГолемо незадоволство изразиле претставниците на тројката меѓународни кредитори по наводните намери на грчката влада да преговара за мерките за даночни олеснувања. Вчера се одржа првата средба меѓу министерот за финансии Гикас Хардувелис и претставниците на „тројката“. Претставници на „тројката“ ја фокусирале дискусијата на 15 одделни прашања, вклучувајќи го и вонредниот данок на „солидарен придонес“ и гласините дека Владата планира да го намали или дури и да го укине.

Покрај ова, големо време било посветено и на фискалните празнини, создадени од страна на некои најнови судски одлуки за „посебни јавни плати“ во врска со униформираните лица, судиите и други професии, како и доцнењата во исполнувањето на обврските од меморандумот за помош, делумно објаснети и со европските избори.

Според официјални претставници на Министерството за финансии, „постои многу голем пакет од околу 600 обврски од меморандумот, за периодот април-јуни“.  Атина се обидува да ја убеди „тројката“ дека Владата има план за да го забрза исполнувањето на обврските од меморандумот. Меѓунаордните кредитори биле задоволни со развојот на настните за „мала ДЕИ“, откако законот беше одобрен од страна на Парламентот. Претставниците на „тројката“ денеска во Министерството за финансии ќе се сретнат со министерот за труд Јанис Вруцис, министерот за здравство Макис Воридис и министерот за развој Никос Дендиас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top