Куса европска епизода имаа македонските фудбалски екипи Шкендија и Турново, а елиминацијата во првата рунда од квалификациите за настап во Европа Лигата е голем неуспех.
Турново се прости од евронастапот со два порази, откако вечерва повторно загуби од грузиската екипа Чикура со 1-3. Првиот меч заврши со победа на Чикура од 1-0, па со вкупни 4-1 тие минаа понатаму.
Шкендија славеше на првиот дуел во Скопје со 2-1 против Зимбру, но тоа не беше доволно за да се исполнат амбициите, кои беа големи. Вечерва екипата од Тетово загуби со 0-2 и се лизна на првиот европски испит.
Предмалку започна и реваншот меѓу Металург и Санта Колома од Андора, на „Филип втори“ арената во Скопје, а се очекува металурзите да ја потврдат разликата во класа, по триумфот на гости со 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


