Граѓаните да не потпаѓаат на дневни манипулации и внимателно да ги следат настаните поврзани со случајот „Монструм“, апелираше претседателот на Владата Никола Груевски, кој вечерва имаше интервју за втората програма на Македонската телевизија.
– Апелирам до граѓаните кои што не се дел од оваа помала група на верски фанатици и радикали под влијание на други подалечни држави и со други цели, ним им апелирам внимателно да го следат процесот, да не потпаѓаат под дневни манипулации на одредени портали или поединечни новинари или медиуми. Некогаш и тие се заведени, некогаш се и дезинформирани, истакна премиерот Груевски.
Треба многу внимателно секој да проценува пред да донесе заклучок, рече премиерот, изразувајќи убедување дека времето ќе докаже кој бил во право.
– Убеден сум дека времето ќе докаже кој е во право дали е судот во право или групата насилници кои што се обидоа и повредија многу полицајци. Меѓу повредените полицајци имаше и многу Албанци, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


