
Секој има право на мирни протести, но нема потреба да се прават нереди. Оваа власт се труди да го подобри животот на сите, и на Албанците и на Македонците. Градиме институции за сите граѓани на Македонија. Сите болници, патишта, училишта се изградени за сите – вели премиерот Никола Груевски за време на гостувањето на вестите на албанската програма на МТВ.
Тој нагласи дека случајот „Монструм“ сѐ уште не е завршен, следува второстепена постапка.
-Се ќе биде разгледано. Сѐ уште не е ништо готово – рече Груевски.
Целосното интервју ќе биде емитувано вечерва во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


