| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Терзиќ ја претепал ќерката на Цеца

Костадин Терзиќ минатата недела пред својата куќа ја претепал својата девојка Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ, објави српски „Телеграф“.

На Анастасија ѝ помогнале неколку момчиња кои биле во близина и ја спасила од уште поголеми повреди. Тие дури и му удриле ќотек на Костадин, па во тепачката се вклучил и неговиот татко Звездан Терзиќ, челникот на ФК Ѕвезда, кој морал да го спасува синот.

На крајот сите завршиле во полициска станица. Инцидентот бил криен од јавноста, но сепак извори од полицијата ја известиле редакцијата на „Телеграф“.

Сепак, и покрај ќотекот што го добила, Анастасија му простила на Костадин, па пред некој ден заедно заминале на летување во Будва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top