Скопската градежна компанија „Бетон” објави дека ќе го гради објектот на Турскиот театар во Скопје за што со оваа национална културна установа е склучен договор во вредност од 245,5 милиони денари (3,98 милиони евра), објави „Бетон” вчера на порталот на Македонската берза за хартии од Скопската градежна компанија „Бетон” објави дека ќе го гради објектот на Турскиот театар во Скопје за што со оваа национална културна установа е склучен договор во вредност од 245,5 милиони денари (3,98 милиони евра), објави „Бетон” вчера на порталот на Македонската берза за хартии од вредност.
„Бетон“ е градежна компанија која е вклучена во изградба на неколку објекти во проектот „Скопје 2014“, а нејзнините ресурси се речиси целосно ангажирани на проекти во земјава.
Компанијата објави дека склучиле договор во вредност од (2,4 милиони евра) за изградба на фонтани: „ Света Богородица“, „Свети Никола“, „Свети Петар и Павле“ и изградба на плоштад „Пресвета Богородица“. Инвеститорот е општина Центар од Скопје. „Бетон“ освен овој проект кој е дел од мега проектот „Скопје 2014“, гради уште неколку репрезентативни објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претставата „Среќна нова година“ работена според Хармс на сцената на Турски театар
-
Меѓународен научен собир „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“
-
„Ана и Хана“ и „Среќна нова година“ на сцената на Турски театар
-
Турски театар ја почнува сезоната денеска со „Крал Лир“ во режија на Диего Де Бреа



