Наодите на швајцарските научници од Универзитетот во Базел се спротивни со вообичаените препораки дека треба да се избегнува интензивно вежбање пред спиење.
Во истражувањето учествувале 52 испитаника на просечна возраст од 19 години.
Учесниците во истражувањето практикувале спортски активности во траење од 60 до 90 минути, околу час и половина пред спиење, по што било утврдено дека интензивното вежбање е поврзано со пократок период на будност, помали шанси за будење во текот на ноќта и подолго траење на длабокиот сон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


