Тој апелира до сите граѓани кои планираат да протестираат тоа да го направат на демократски начин.
– Не можам да поддржам и никој во државава и надвор од неа нема да поддржи насилни протести. Институциите нема да го дозволат тоа. Секој протест од кој ќе излезе акт на насилство врз полицијата граѓаните или институциите во Македонија нема да биде толерирано како и во ниту една друга земја – истакна Груевски.
Премиерот истакна дека оваа порака важи и за граѓаните кои имаат најавено контрапротест во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



