
Десет лица што учествуваа на насилните протести во Тетово заработија кривични пријави, а две од нив ќе бидат изведени пред судија во предистражна постапка, информира министерката за внатрешни работи, Гордана Јанколоска, при нејзината посета на Гостивар.
Министерката Јанкулоска нагласи дека изминатите денови се работело на идентифкација на лицата кои биле организатори и насилнички се однесувале во протестите на 6 јули во Тетово кога беа повредени шест полициски службеници.
– Во врска со протестите, кои, за жал, ескалираа со насилство, МВР ги презеде сите мерки во функција на откривање поединци кои се однесуваа агресивно и нападнаа полициски службенци. По кординацијата со јавниот обвинител и иденфикацијата, комплетирани се десет кривични пријави. Двајца пријавени се сомничат за дела учество во толпа што ќе спречи службено лице и напад на служебно лице при вршење на работи на безбедност – рече Јанкулоска.
Таа нагласи дека во текот на денот лицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово и дека се работи на идентификување на други учесници во протестот кои насилно се однесувале.
На новинарско прашање, што презема МВР по зачестените повици на насилство и етничка омраза по социјалните мрежи, министерката Јанкулоска одгововори:
– МВР изминатите седум дена ги следи состојбите и интензивно работи да ги иднетификуваме лицата кои го прават тоа. Нема да дозволиме група насилници да предизвикува насилство и да го нарушуваат законот. Нема да правиме разлика кој објавува текстови и фотографии кои повикуваат на насилство и меѓуетничка нетрпеливост. МВР има капацитет да се справи со ваквите состојби – подвлече Јанкулоска.
При посета на полициската станица во Гостивар, Јанкулоска присуствуваше на отворањето на објектот за работа со деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


