Од неизгасната цигара бил предизвикан пожарот на Клиниката за детски болести. Малолетна мајка од Шуто Оризари, чие бебе било хоспитализирано во болницата, синоќа околу 20 часот запалила цигара во оставата на петтиот кат, која вработените ја користеле како магацин. На излегување не ја изгаснала добро цигарата, по што избувнал оган. Во пожарот е предизвикана помала материјална штета, запалени се една инвалидска количка и два душека, но со брза реакција на вработените огнот брзо е локализиран, велат од Детската клиника.
Чадот вчеравечер предизвикал паника меѓу родителите и персоналот на клиниката, интервенирале и екипи на противпожарната заштита. Ниту едно од хоспитализираните деца не било доведено во опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



