| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Шумарот“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија вечер премиерно ќе биде прикажан краткиот игран филм „Шумарот“ во режија на Изер Алиу, во продукција на „Веда филмс“ од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер.

„Шумарот“ (To Guard A Mоuntain) е 25-минутна семејна драма која го тематизира односот татко – син. Улогите во филмот ги толкуваат 11-годишниот Бесим Муртезани, шестгодишниот Алтин Аџани и актерот Бурхам Амити во улога на таткото.

Филмот, кој е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија, ја доби наградата АМАНДА и е прогласен за најдобар краток филм на Интернационалниот фимски фестивал во Берген, Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top