
Европската унија денеска повторно излезе со повик до сите граѓани на Република Македонија да останат смирени и да се воздржат од насилство, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија, по повод најавените утрешни протести и контрапротести во однос на судската разрешница на случајот „Монструм“, во име на официјален Брисел ги повикува македонските граѓани и политичките лидери во земјата „да се здружат во духот на конструктивен дијалог за решавање на прашањата кои го поткопуваат заемното разбирање и кооперативни меѓуетнички односи“.
– Сите граѓани имаат право да демонстрираат и да ги изразат своите ставови на мирен начин, но не и правото да се вклучат во деструктивни или насилни акти – вели Коцијанчич во изјава за МИА.
Гласноговорничката на неформалната Влада на Унијата го повтори минатонеделното соопштение и повик на канцеларијата на ЕУ во Скопје и истакна дека „додека секој меѓуетнички инцидент или обид да се поттикне нетолеранција е шанса да се политизира и да се искористи ситуацијата за лични или политички цели, тоа е исто така можност да се отвори дијалог и да се зајакнат врските меѓу различните заедници“.
– Ова е можност за лидерите да застанат зад интегрираната земја што целосно ги почитува своите различности – порачува на крајот портпаролката на Кетрин Ештон, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Официјален Брисел е загрижен од можноста да дојде до ново насилство и нарушување на меѓуетничките односи во Република Македонија во текот на утрешниот ден, со оглед на тоа што освен протести на поддржувачите на осудените во случајот „Монструм“, овојпат се најавени и контрапротести од страна на оние кои даваат поддршка на пресудата доживотен затвор за убијците на четирите момчиња и еден возрасен човек на православниот празник Велипеток во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


