Тројца украински војници се убиени во последното деноноќие за време на борбените дејства против проруските бунтовници во источните региони, а дваесет и седум се ранети, соопшти денеска прес-центарот на „антитерористичката операција“ предводена од Киев.
Двајца војници загинале во оклопно возило, кое налетало на мина кај Донецк, наведува прес-центарот. Третиот е убиен во престрелка кога камион со војници е нападнат од заседа недалеку од Луганск.
Силите на Киев, кои ги потиснаа во последните денови востаниците од повеќе градови, вклучувајќи го Славјанск, ги опкружуваат главните пунктови на бунтот – милионскиот град Донецк и Луганск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз
-
Тројца војници од НАТО загинаа во Авганистан



