Здрави и вкусни тортилји? Да, можно е и тоа. Наместо сос богат со маснотии, овие интегрални тортилји се направени со сос од посно сирење и од јогурт, и од пилешко кое не е пржено, туку е печено.
Состојки:
300 грама пилешки гради
3 интегрални тортилји
Една жолта и една црвена пиперка
100 грама рукола
2 црвени кромида
3 домати
1 краставица
1 главица лук
Сол, црн пипер, мелен црн пипер, кумин, босилек, оригано
Посно сирење
Јогурт
Подготовка: Месото исечето го на помали парчиња и печето го во вог-тава, во која не треба да додавате масло за јадење. Истото направете го и со зеленчукот. Откако ќе го измиете и исчистите, исечете го на парчиња. Зеленчукот може да го печете во тефлонска тава или во керамичка тава бидејќи на овие тави им е потребно малку масло за јадење.
Интегралните тортилји натопете ги во вода и ставете ги во микробранова печка околу 30-40 секунди.
Кога ќе бидат готови, во нив ставете месо, зеленчук и потоа се зачинува по желба. Пред да ги завиткате тортилјите, прелијте ги со високопротеинскиот сос направен од посно сирење и од јогурт.
Подготовка на сосот: Посното сирење разредете го со јогуртот и во него додајте сол, црн пипер, мелена црвена пиперка, кумин, босилек и оригано.
Со овој сос прелијте ги тортилјите, завиткајте ги во ролна и уживајте во здравиот и вкусен оброк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.