Во рамките на „Бит-фест“, „Булеварот на книгите“ од Скопје се сели на Широк сокак во Битола. На оваа манифестација, најголема од овој вид, ќе настапат 15 писатели и членови на битолскиот книжевен круг: Владимир Костов, Панде Манојлов, Радован Цветоковски, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Кире Неделковски, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски, Милица Димитриевска Радевска и други.
Настанот, покрај големиот избор наслови и автори, како и цените димензионирани за сечиј вкус и за сечиј џеб, ќе понуди и многубројни изненадувања и подароци. Секако, тука ќе биде и кругот на читатели со кој сите членови на Клубот од Битола, а и сите заинтересирани читатели ќе имаат можност да ги добијат своите омилени наслови по уште пониски цени.
Настанот е закажан за вечерва со почеток во 18 часот и тој е можност посетителите да се дружат со книгите до доцна во ноќта и затоа е предвиден да трае сѐ до полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


