| четврток, 6 декември 2018 |

Џозеф: Инцидентите во Македонија се потсетник за НАТО да ја одмрзне поканата за членство

edvard joseph

Последните инциденти во Македонија со протестите поради доживотните судски пресуди во случајот „Монструм“ се мошне сериозни поради опасноста од подлабока етничка поделба, оценува поранешниот директор на програмата за Македонија во Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф.

– Се чини дека оние кои се осудени и веројатно се одговорни за убиствата примаат јавна поддршка. Тоа е многу вознемирувачки – изјави Џозеф во разговор за српската редакција на Гласот на Америка.

Сериозноста на ситуацијата Џозеф ја става во поширок контекст, на ургентната потреба Македонија да влезе во НАТО.

– Ова е потсетник на грешката да се држи замрзната македонската апликација за членство во НАТО поради грчкото противење. Ова е потсетник за итната потреба Алијансата еднаш-засекогаш да го реши проблемот со Грција и да ја внесе Македонија во НАТО – коментираше овој познавач на балканските прилики.

Таквиот чекор, според Џозеф, би бил најдобриот начин за подобрување на односите меѓу етничките Албанци и Македоци во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top