Седумнаесетгодишната Белгијка Аксел Деспиегелер не ни сонувала дека Светското првенство (СП) во Бразил ќе ѝ го смени животот.
Откако некој ја фотографирал на трибините, нејзините фотографии се прошириле по социјалните мрежи, а сега ја ангажирала и компанијата за козметика „Лореал“.
Атрактивната Аксел е облечена во боите на својата земја и наоружна со реквизити, а нејзините фотографии се објавени на „Твитер“ и во весници. По елиминацијата на Белгија, се врати дома, а сега на „Фејсбук“ има 22.600 обожаватели.
Веднаш ја контактирале од „Лореал“ и ѝ понудиле договор, и таа веќе сними промотивно видео за оваа компанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.