Дваесет и шестгодишната Алекс Кетрин Тичелман е обвинета за убиството на Форест Хејс, директор во „Гугл“, кој беше пронајден мртов на неговата луксузна јахта во Калифорнија на 26 ноември минатата година, пишува „Ју-Ес тудеј“.

Тичелман, која била омилената девојка на повик на 51-годишниот Хејс, таа вечер на бродот донела поголема количина хероин. Сигурносните камери покажаа дека таа за себе прво си наточила вино, а потоа него му вбризгала дрога, па Хејс починал на самото место од предозирање. Тичелман потоа ладнокрвно го прескокнала неговиот безживотно тело и го испила виното до крај.
Полицијата со месеци се обидувала да го разреши убиството затоа што на снимката не можеле да ја препознаат.
Хејс е татко на пет деца, а во брак бил 17 години. Со Тичелман се запознале преку интернет, а со години бил нејзиниот најредовен муштерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фримзим Даути нов директор на НУБ „Св. Климент Охридски“
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


