| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на камион и мерцедес кај Неготино

На регионалниот патен правец Неготино-Штип кај подвозникот на излезот од Неготино денеска во 12.35 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која има повредени, пренесува Неготиноинфо.мк. До несреќата, според неофицијални информации, дошло поради недавање предимство на пат, при што патничкото  моторно возило „мерцедес“ со неготински регистарски таблички управувано од жител на Пепелиште се судрило со товарно моторно возило со српски регистарски таблички, при што на мерцедесот е предизивикана поголема материјална штета.

Двајцата патници во мерцедесот со интервенција на Брзата помош и екипа на ТППЕ-Неготино со повреди на телото се извлечени од возилото и префрлени во Здравствениот дом во Неготино.

Причините за незгодата се утврдуваат.

Фото: Неготиноинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top