Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз за малку избегнале терористички напади, тврди францускиот дневен весник „Паризиен“.
Според текстот објавен во весникот, како што јави дописникот на МИА од Париз, француската Дирекција за внатрешно разузнување (ДГСИ) како потенцијален извршител на нападите го идентификувала младиот Алжирец Али М. кој веќе пет години живее во Франција.
Алжирецот се наоѓа во затвор од пред една година, кога бил уапсен додека се подготвувал да замине во „џихад“ на југот од Алжир. Тој разменувал шифрирани пораки со лидер на исламистичка милитантна груша во кои се сугерирани можни цели за напад, како музејот Лувр, Ајфеловата кула, Фестивалот во Авињон, барови, дискотеки, нуклеарни централи…
Адвокат на Алжирецот, Дафне Пуглиеси во изјава за „Паризиен“ го опишува својот клиент како „младо и слабо лице, жртва на вистинска индоктринација“. Весникот објаснува дека истражните органи со внимание ги чекаат неговите објаснувања за разменетите пораки.
Истражниот антитерористички судија Марк Тредевик посебно стравува од профилите на џихадистите кои се враќаат од Сирија, но според него „главната закана“ за Франција останува групата Ал Каида на исламскиот Магреб. Оваа терористичка организација ја смета Франција за нејзин „непријател број 1“.
Во меѓу време, изутринава француската Влада презентрираше нацрт-законот кој има за цел да ја засили борбата против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



