| четврток, 6 декември 2018 |

„Гаридјан“: „Преместен камен“ на Маџиров меѓу најдобрите љубовни песни на светот

madzirov
Британскиот „Гардијан“ ја објави листата на најдобрите педесет светски љубовни песни напишани во последните 50 години, на која се наоѓа и песната „Преместен камен“ од Никола Маџиров.
Листата е направена од видни британски критичари и поети кои, како што нагласува „Гардијан“, овој пат не се фокусираат на класиците, туку се решаваат за современи автори од Шкотска до Саудиска Арабија, од Пакистан до Нигерија.
На листата се наоѓаат поети добитници на Нобеловата награда за литература, како Дерек Волкот, Тед Хјуз, Назим Хикмет, Маргарет Етвуд, Ружевич, Бонфоа, Маја Ангелоу, како и годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата и сериозен кандидат за Нобеловата награда, корејскиот поет Ко Ун.
По објавата во „Гардијан“, листата се промовира во сите земји во светот, а официјалната промоција ќе се случи овој месец со читање во „Ројал Фестивал хол“ во Лондон, на кое ќе настапи и Никола Маџиров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top