| четврток, 6 декември 2018 |

Манџукиќ стана „јорганџија“

Напаѓачот на Баерн Минхен и хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ е нов член на Атлетико Мадрид.

Спортскиот директор на баварците Матијас Замер потврди дека клубот ја прифатил понудата на Атлетико, па така Манџукиќ по две години ќе ја напушти „Алијанц арената“.

– Постигнавме договор. Баерн, Атлетико и Манџукич се задоволни со условите. Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на Манџукиќ за се што направи за Баерн во изминатите две години – изјави Замер.

Манџукиќ постигна 33 гола на 54 натпревари во Бундеслигата, со Баерн освои две титула, како и Лигата на шампиони, Купот на Германија, Светското клупско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top